-
Создадено: Вторник, 07 Ноември 2023
Катедрата по деловно право на Правниот факултет на УГД – Штип и Катедрата по деловно право на Универзитетот во Сиена, Италија, потпишаа Еразмус + договор. Договорот е потпишан по иницијатива на проф. Габриела Џимилиано и проф. Кристина Мишева. Со ова се продлабочи и прошири досегашната соработка на универзитетско ниво и се воспостави можност за студентите на право на прв, втор и трет циклус и наставно-научниот кадар да користат мобилности, вмрежувања, научноистражувачки престои, да ги подобрат своите професионални компетенции и искуства, и да користат други поволностите од ЕРАЗМУС + програмата КА1.
За повеќе детали можете да ги контактирате: проф. д-р Кристина Мишева (Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.) и ас. м-р Кристијан Панев (Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.) од Правниот факултет и Канцеларијата за меѓународна соработка при Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип.