-
Создадено: Понеделник, 13 Ноември 2023
На 14.11.2023 г. (вторник), со почеток во 16 часот, преку Google Classrom платформата ќе се одржи предавање од циклусот предавања „Одржливост и право“, што го организира Универзитетот во Мишколц во соработка со Правниот факултет при Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип.
Говорници на предавањето ќе бидат д-р Олга Кошевалиска и д-р Andrea Janosi, професори на Правниот факултет при Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип и Универзитетот во Мишколц. Темa на предавањето ќе биде „Ethnic and racial profiling in criminal cases (as part of non-discrimination)”.
Циклусот на предавања за одржлив развој во правото и политиките се состои од серија предавања за одржлив развој низ призмата на правно-политичките дисциплини, коишто се блиски и ги надополнуваат тематските целини од различните предмети на редовните студии на Правниот факултет.
Предавањата се насочени кон продлабочување на теми поврзани со екологијата, трговското право, кривичното право, трудовото право, грaѓанското право, правото на Европска Унија, половата еднаквост, одржливи политички системи и слично.
На овој линк може да го следите предавањето.