Во рамките на проектот „Strenghtening Quality News and Independent Journalism in the Western Balkans and Turkey II“, финансиран од програмата IPAIII/2022/440-920, неодамна се одржа дводневна работилница на Централноевропскиот универзитет во Будимпешта, Унгарија.

Целта на работилницата беше во консултација со меѓународниот советодавен одбор да се даде експертиза за развојот на план за акредитација на мастер програма по истражувачко новинарство, како и да се собере повеќе искуство, совети и насоки за развојот на курикулумот и пилот-програмата.

УГД е партнер во конзорциумот преку Правниот факултет и Универзитетскиот медиумски центар. Како претставници од УГД во советодавниот одбор се проф. Јорданка Галева и ас. Ана Панева. Тие ги презентираа плановите на УГД за развој на новата мастер програма.

На претставниците од универзитетите во Србија, Босна, Косово и Македонија, како заинтересирани за развој на ваква мастер програма им беа презентирани примери на добра пракса од страна на универзитети кои веќе спроведуваат исти или слични наставни програми.

Универзитетот во Тирана, Лондонскиот универзитет и Универзитетот во Гетеборг ги споделија чекорите за акредитација на нивните мастер програми за истражувачко новинарство кои беа посочени како примери за добра пракса и основа за понатамошно вмрежување и трансфер на знаење.

Тимовите дискутираа и за финансиските предизвици при креирање на нови наставни програми, како и можности за финансирање преку заеднички меѓугранични проекти и програми, како тие соработки би можеле да изгледаат и која е поддршката што можат да ја добијат од партнерство со НВО.

Заклучоците од координативната средба и работилницата се дека до крајот на спроведувањето на проектот експертите од УГД ќе подготват курикулум за мастер програма по истражувачко новинарство до фаза на акредитација која би била одлична можност за професионалните новинари, медиумските работници и студентите од Македонија и од регионот да ги зголемат своите знаења и конкурентноста на пазарот на трудот.

Технички секретар

Маргарета Алчинова
Тел: +389 32 550 450
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Адреса: ул. „Крсте Мисирков“ бр.10-А
Штип - 2000, Р.Македонија

Секретар

Љубица Медарска Апостолова
Тел: +389 32 550 585
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Студентски прашања

Штип - Христина Груеска

Тел: +389 32 550 480

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Студентски прашања

Струмица - Аница Удовалиева

Тел: +389 32 550 250

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Скопје - Цветанка Матракоска

Тел: +389 32 550 129

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.