-
Создадено: Четврток, 14 Декември 2023
Денес, во рамки на предметот Финансово право, под менторство на проф. д-р Кристина Мишева и ас. м-р Кристијан Панев, студентите од трета година беа во посета на Управата за јавни приходи – Регионална дирекција Штип.
При посетата, студентите имаа можност да се запознаат со организациската структура и надлежностите на Управата за јавни приходи, како и директно да дискутираат со вработените за прашања поврзани со даночното право и даночната управна постапка. Правниот факултет останува посветен на поврзување на теоретскиот дел од наставата со практиката и ја охрабрува соработката со институциите.