-
Создадено: Петок, 15 Декември 2023
Како дел од активностите на предметот Финансово право, студентите од трета година заедно со проф. д-р Кристина Мишева и ас. м-р Кристијан Панев беа во посета на Македонска берза и Комерцијална банка во Скопје.
Во интерактивна и позитивна атмосфера, студентите се запознаа со начинот на организирање и функционирање на финансиските пазари, како се тргува со хартии од вредност, што работат брокерите и како се врши контрола над тргувањето со хартии од вредност. Динамиката во наставниот процес и спојување на теоријата со праксата останува наша задача за секоја генерација на студенти на Правниот факултет.