Во периодот од 20 до 26 декември на Правниот факултет во Штип и во Струмица при Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип се спроведоа низа научни и наставни активности на професори од правните факултети на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип и Универзитетот во Источно Сараево.

Активностите се во рамките на продлабочување на една веќе постоечка соработка помеѓу двете институции, а овој пат беа поддржани од програмата Еразмус плус, КА 171.

На 21 декември 2023 година, професорката Станка Стјепановиќ, редовен професор на Правниот факултет при Универзитетот во Источно Сараево, одржа предавања за студентите на правни студии во Струмица. Предавањата опфатија две теми: „Отштетно-правни правила за одговорност за животни“ и „Новите предизвици на отштетното право во однос на појавата и употребата на вештачката интелигенција“.

На 22 декември 2023 г. на Правниот факултет во Штип беше одржана Тркалезна маса „Примена на правилата за граѓанско-правна одговорност за штета во финансовото право и во правото на интелектуална сопственост: компаративен приказ на правните системи на РС Македонија, Р. Српска и Босна и Херцеговина". Мултидисциплинарниот карактер на темата овозможи поврзување и соработка меѓу професори по Облигационо право, Финансово право, Право на интелектуална сопственост и Отштетно право од двата правни факултети.  Тркалезната маса ја отвори деканот на Правниот факултет, професор д-р Олга Кошевалиска, а панелите ги модерираа асистент Ана Здравева од Катедрата по граѓанско право и асистент Кристијан Панев од Катедрата по деловно право. На тркалезната маса учествуваа:

  • професор д-р Марија Амповска, Правен факултет, Универзитет „Гоце Делчев“ во Штип, професор по Облигационо право и Право на интелектуална сопственост;
  • професор д-р Станка Стјепановиќ, Правен факултет, Универзитет во Источно Сараево, професор по Облигационо право;
  • професор д-р Свјетлана Ивановиќ, Правен факултет, Универзитет во Источно Сараево, професор по Право на интелектуална сопственост;
  • професор д-р Кристина Мишева, Правен факултет, Универзитет „Гоце Делчев“ во Штип, професор по Финансово право;
  • доцент д-р Ѓорѓе Мариловиќ, Правен факултет, Универзитет во Источно Сараево, професор по Финаносово право.

Тркалезната маса беше наменета за студентите од втора и трета година прв циклус студии, во рамки на активностите пo предметите Облигационо право и Финансово право, како и за студентите од втор и трет циклус студии. Студентите го следеа настанот физички во судницата на Правниот факултет во Штип, како и онлајн на платформата МsTims.

 

Поврзани статии: SARADNJA SA PRAVNIM FAKULTETOM UNIVERZITETA „GOCE DELČEV“ U ŠTIPU (ues.rs.ba) 

 

Технички секретар

Маргарета Алчинова
Тел: +389 32 550 450
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Адреса: ул. „Крсте Мисирков“ бр.10-А
Штип - 2000, Р.Македонија

Секретар

Љубица Медарска Апостолова
Тел: +389 32 550 585
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Студентски прашања

Штип - Христина Груеска

Тел: +389 32 550 480

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Студентски прашања

Струмица - Аница Удовалиева

Тел: +389 32 550 250

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Скопје - Цветанка Матракоска

Тел: +389 32 550 129

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.