-
Создадено: Вторник, 26 Декември 2023
На 22 декември 2023 година, на Правниот факултет се одржа уште еден настан кој ја одбележа успешната соработка меѓу правните факултети на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип и Универзитетот во Источно Сараево. Имено, беше промовиран учебник издаден од страна на Универзитетот во Источно Сараево.
Учебникот е со наслов „Облигационо право – посебен дел'' („Облигационо право – посебни дио“) и претставува универзитетско издание на Универзитет во Источно Сараево, наменето за студентите на Правниот факултет. Учебникот е коавторско дело на професорите проф. д-р Станка Стјепановиќ, проф. д-р Бранко Мораит, проф. д-р Марија Амповска и проф. д-р Свјетлана Ивановиќ. Истиот е достапен и за студентите на Правниот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип и се наоѓа во факултетската библиотека.