Студентите на Правен факултет кои ќе учествуваат на овогодишниот натпревар во симулирано судење на предмети од казнено-правната област, на 28 февруари 2024 г. беа во посета на дигиталната судница во КПУ „Идризово“. 

Студентите имаа можност да реализираат проба на симулација на нивниот случај во судницата, а воедно и да се запознаат со просторните и техничките услови што таа ги нуди.  

Студентите се предводени од проф. д-р Олга Кошевалиска, која имаше и свое воведно обраќање до сите учесници и ментори, проф. д-р Елена Максимова и адвокат Дарко Џорлев. 

На натпреварот, кој ќе се одржи на 12 април, ќе учествуваат четири тима од четири правни факултети во државата. 

Ваквите подготвителни средби се многу поволни за вмрежување на студентите, развивање идни соработки и многу корисни за зајакнување на практичната настава. 

Натпреварот годинава е овозможен од Американската амбасада во Скопје и IDLO (International Development Law Organization).

Технички секретар

Маргарета Алчинова
Тел: +389 32 550 450
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Адреса: ул. „Крсте Мисирков“ бр.10-А
Штип - 2000, Р.Македонија

Секретар

Љубица Медарска Апостолова
Тел: +389 32 550 585
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Студентски прашања

Штип - Христина Груеска

Тел: +389 32 550 480

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Студентски прашања

Струмица - Аница Удовалиева

Тел: +389 32 550 250

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Скопје - Цветанка Матракоска

Тел: +389 32 550 129

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.