-
Создадено: Четврток, 14 Март 2024
Македонското здружение на млади правници во рамки на проектот „Студентите по право и младите правници – Клучни агенти на промени за унапредување на човековите права и владеењето на правото во Република Северна Македонија”, поддржан од Амбасадата на Кралството Холандија во Скопје, спроведува сет од меѓусебно поврзани еднодневни курсеви за практични правни вештини.
Курсевите за практични правни вештини се наменети за студенти по право и млади дипломирани правници, со цел да ги зголеми нивните знаењата и вештините на следните теми:
- правно пишување;
- правно говорење;
- интервјуирање и советување;
- вештини за судење;
- правно расудување и аргументирање и
- правно истражување и етички аспекти на правната професија.
Курсевите се еднодневни и се спроведуваат онлајн преку платформата Zoom.
Последната предвидена обука од курсот на тема Правно истражување и етички аспекти на правната професија ќе се одржи на 2 април 2024 година (вторник), со почеток од 12 часот, на платформата Zoom.
Ве замолуваме да ja споделите поканата со вашите студенти по право за да се пријават на обуката со цел јакнење на нивните капацитети и стекнување на дополнителни вештини и знаења.
Пријавувањето на учесниците е со пополнување на формуларот (во прилог), најдоцна до 1 април 2024 година.
На учесниците кои ќе се пријават да учествуваат на обуката ќе им биде испратен линк за вклучување и следење на истата.
Во прилог Покана и Формулар за пријавување.
Формуларот можете да го најдете и да го пополните на следниов линк: https://forms.office.com/e/u2sxhSDJZy