-
Создадено: Понеделник, 18 Март 2024
Во рамките на проектoт „Policy Analysis" од програмата „Хоризонт Европа“, на 28 март 2024 г. ќе биде отворен Повик за мобилност на истражувачки во Западен Балкан, наменет за докторанди и постдокторски истражувачи.
Конкретно, Повикот за мобилност се однесува на истражувачи кои се на почеток на нивната кариера (докторанди и постдокторски истражувачи кои докторирале не подолго од 7 години пред крајниот рок на Повикот), кои потекнуваат од шесте земји од Западен Балкан: Албанија, Босна и Херцеговина, Косово*, Црна Гора, Северна Македонија и Србија.
Вкупниот буџет за овој Повик изнесува 100.000 евра, односно за секој поединечен победнички проект ќе бидат доделени средства (грант) од 5.000 евра. Средствата треба да бидат искористени на мобилност за истражување во времетраење од две недели до шест месеци.
Во Повикот може да се пријават предлог-истражувачки проекти од сите тематски области, вклучувајќи ги општествените, хуманистичките и уметничките науки.
Аплицирањето за Повикот ќе биде онлајн и ќе се одвива во една единствена фаза на апликација.
Повеќе информации за процесот на аплицирање, критериумите, евалуацијата и изборот ќе бидат достапни на веб-страницата POLICY ANSWERS и на следната веб-страница Pre-Announcement of the POLICY ANSWERS Western Balkans Mobility Scheme for Early-Career Researchers.
Информацијата за Повикот за мобилност, исто така, е споделена и на веб-сајтот на Министерството за образование и наука