-
Создадено: Четврток, 28 Март 2024
Почитувани студенти,
И оваа година ќе се организира Мастерклас по антикорупциско право од страна на Мисијата на ОБСЕ и четирите универзитети - УГД, УКЛО, УКИМ и ШТУЛ.
Мастеркласот ќе се состои од вкупно 4 предавања (2 во летен и 2 во зимски семестар) од реномирани светски предавачи во соработка со домашни експерти.
Студентите кои ќе учествуваат во мастерклас предавањата ќе се здобијат со сертификат на крај од предавањата и со право да учествуваат во натпреварот за најдобар есеј во врска со теми од корупција и да освојат награда.
Повикот е отворен и за прв и за втор циклус студии.
Првите предавања се на 16 април во Битола, вторите ќе бидат во мај, третите во октомври и четвртите во ноември.
Со цел овогодишните предавања да се „по мерка“ на студентите - пополнете го прашалникот во прилог за да можат организаторите да ги земат предвид вашите укажувања.
За присуството на четирите предавања се можни две опции - онлајн и со физичко присуство. Доколку студентите сакаат да присуствуваат со физичко присуство на предавањето на друг универзитет за тоа е предвидено покривање на патни трошоци.
Ве молиме, пополнете го прашалникот најдоцна 5 април 2024 г.