-
Создадено: Четврток, 28 Март 2024
Во периодот од 15 до 21 март 2024 година професор д-р Марија Амповска реализираше мобилност во рамки на проект од Еразмус плус програмата каде што институција-домаќин беше Правниот факултет при Универзитетот во Источно Сараево, Босна и Херцеговина.
За време на својот престој професор Амповска одржа серија предавања за студентите од трета година, во рамки на предметот Облигационо право -посебен дел. Предавањата беа тематски. Од една страна се опфатија класични теми, како што е „Одговорност за материјални недостатоци кај договорот за продажба". Од друга страна се опфатија и актуелни теми кои предизвикуваат дискусии во академската заедница, а се однесуваат на регулирање на одговорноста за штета во случаите на користење на вештачка интелигенција. Во оваа смисла, темата на предавањата беше новиот предлог на Европската комисија за ревидирање на Директивата за одговорност за неисправен производ, како и предлогот на Регулатива за граѓанско-правна одговорност за вештачка интелигенција во ЕУ.
Предавањата претставуваа вистински пример за одржување интерактивни часови, со оглед на тоа што студентите од трета година активно учествуваа и ги изложија резултатите од нивните истражувачки активности во рамките на новиот предизвик за правни науки и практика – Вештачката интелигенција како производ.
Во рамките на оваа повеќедневна успешна работа на студентите заедно со професор д-р Марија Амповска и професор д-р Станка Стјепановиќ од факултетот домаќин, беше истакна неопходноста од законски регулативи во оваа област и во домашните правни системи.
Линк за објавата на веста на веб-страницата на факултетот домаќин https://www.pravni.ues.rs.ba/novosti/16033-odrzana-predavanja-profesorice-sa-pravnog-fakulteta-univerziteta-goce-delcev-u-stipu
Lectures on the new challenge of legal science and legal practice – artificial intelligence as a product
From 15 to 21 March 2024, associate professor Marija Ampovska realized mobility under a project from the Erasmus Plus program where the host institution was the Faculty of Law at the University of East Sarajevo, Bosnia and Herzegovina. During his stay, Professor Ampovska gave a series of lectures for third-year students, under the Law of Obligations – Contracts. The lectures were thematic. On the one hand, classic topics such as "Liability for material deficiencies in the sales agreement" were covered. On the other hand, current topics that cause discussions in the academic community were also covered, referring to the regulation of liability for damages in cases of artificial intelligence. In this sense, the subject of the lectures was the European Commission's new proposal for the revised Product Liability Directive, as well as the proposal for an AI Act in the EU.
The lectures were a real example of holding interactive classes as third-year students actively participated and outlined the results of their research activities under the new challenge for legal sciences and practice – Artificial Intelligence as a product.
As part of this multi-day successful work, Professor Marija Ampovska and Professor Stanka Stjepanovic from the host faculty stressed the necessity of legal regulations in this area in domestic legal systems as well.
Link to the news published on the host’s webpage: https://www.pravni.ues.rs.ba/novosti/16033-odrzana-predavanja-profesorice-sa-pravnog-fakulteta-univerziteta-goce-delcev-u-stipu