-
Создадено: Петок, 26 Април 2024
Студентите на Правниот факултет имаа можност да учествуваат на двочасовно предавање со цел да се запознаат со рамката за заштита на човековите права во „пошироката“ Европа, со акцент на Европскиот суд за човекови права, одржана од шефот на Програмската канцеларија на Советот на Европа во Скопје, г. Олег Солдатов (во негово приватно својство), на тема „Европската конвенција за човекови права и Европскиот суд за човекови права: Основи“.
Предавањето има за цел да ги запознае студентите со Советот на Европа и неговите активности, ја опфаќа Европската конвенција за човекови права, прашањата за судските спорови пред Судот и извршувањето на неговите пресуди.