-
Создадено: Петок, 10 Мај 2024
По повод одбележувањето на Денот на Европа - 9 мај, Правниот факултет при УГД – Штип во соработка со Europe House – Струмица и со поддршка на Делегацијата на Европската Унија во Северна Македонија организираат настан на тема „Европскиот парламент и Европските парламентарни избори 2024“.
На настанот ќе учествуваат студенти од Правниот факултет, кои ќе симулираат одржување на Европски парламентарни избори под менторство на проф. д-р Ана Никодиновска-Крстевска и демонстратор м-р Елена Трајковска; ќе учествуваат ученици од Средното општинско училиште „Љупчо Сантов“ во Кочани, кои ќе го презентираат нивното искуство од остварената посета на Euroscola во рамките на Европскиот парламент во Стразбур, под менторство на проф. Александар Михајлов и ќе учествуваат претставници од Италија и од Хрватска кои ќе ги претстават искуствата од Европските парламентарни избори во овие земји.
Повелете ве очекуваме!