Со голема чест и задоволство ве известуваме дека Здружението за унапредување на правната култура Правен центар – Скопје организира Oбука на тема „Практична подготовка за наплата на долг преку нотарски платен налог од страна на експерт - адвокат на ЕВН“.

Обуката ќе се одржи на 20 мај  2024 година (понеделник), со почеток во 18 часот, во просториите на Млади хаб Скопје.

На наше и ваше задоволство, во својство на обучувач ја имаме Александра Боинска, адвокат од Скопје, со долгогодишно искуство во областа на наплата на долгови преку платни налози. Александра Боинска е една од адвокатите со рекордни бројки на поведени постапки за издавање на нотарски платни налози, како и во однос на поднесени приговори, и тоа како самостоен адвокат, меѓутоа и како долгогодишен адвокат соработник на ЕВН, Водовод и други. 

Учесниците на обуката ќе имаат можност да се запознаат со:
- Улогата и значењето на нотарскиот платен налог;
- Веродостојни исправи за издавање на нотарски платен налог;
- Фазите и текот на постапката за издавање на нотарски платен налог;
- Практична подготовка за пишување на предлог за издавање на нотарски платен налог;
- Практична подготовка за пишување на барање за извршување. 

Сите заинтересирани кандидати можат да се пријават на следниов линк: https://forms.gle/iLUTojhKP5u9bozE8 најдоцна до 18 мај 2024 година.
Бројот на пријавени учесници е ограничен.
Котизацијата за учество на обуката изнесува 800 денари.

По завршување на настанот учесниците ќе добијат сертификат за завршена обука.

Ве очекуваме! 

Со почит,
Здружение за унапредување на правната култура Правен центар – Скопје

Технички секретар

Маргарета Алчинова
Тел: +389 32 550 450
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Адреса: ул. „Крсте Мисирков“ бр.10-А
Штип - 2000, Р.Македонија

Секретар

Љубица Медарска Апостолова
Тел: +389 32 550 585
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Студентски прашања

Штип - Христина Груеска

Тел: +389 32 550 480

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Студентски прашања

Струмица - Аница Удовалиева

Тел: +389 32 550 250

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Скопје - Цветанка Матракоска

Тел: +389 32 550 129

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.