Правниот факултет во соработка со Europe House - Струмица го одбележа Денот на Европа - 9 Мај, Европски парламент и Европски парламентарни избори 2024.

На 13 мај 2024 г. се одржа настанот по повод Европски парламентарни избори 2024 година и учествуваа студенти од втора, трета и четврта година на Правен факултет при Универзитет „Гоце Делчев” - Штип под менторство на проф. д-р Ана Никодиновска-Крстевска и демонстратор м-р Елена Трајковска, претставувајќи ги сите седум политички групи на Европскиот парламент:

  • Група на Европската народна партија (Христијански демократи) предводена од Леона Димова, студентка на Правен факултет, четврта година;
  • Група на прогресивната алијанса на социјалистите и демократите во Европскиот парламент, Методи Хубрев, студент на Правен факултет, трета година;
  • Обнова Европа, Славица Ивановска, студентка на Правен факултет, трета година;
  • Група на Зелените/Европска слободна алијанса, Марија Николова, студентка на Правен факултет, втора година;
  • Европска група на конзервативци и реформисти, Стефанија Станоева, студентка на Правен факултет, трета година;
  • Група за идентитет и демократија, Викторија Јакимова, студентка на Правен факултет, трета година;
  • Европска левица во Европскиот парламент, Петар Иванов, студент на Правен факултет, втора година, странска програма, презентирајќи ги идеалите на дадената политичка група.

По завршувањето на говорите, присутните на настанот го дадоа својот глас за една од политичките групи на Европскиот парламент, а најголем број на гласови освои Групата на прогресивната алијанса на социјалистите и демократите предводена од Методи Хубрев.

Докторанд Ален Лалич, асистент на Високата школа во Шибеник, Р. Хрватска, и Томазо дел Бекаро, студент на втор циклус студии при Универзитетот во Пиза, Италија, Eразмус студент на Правен факултет при Универзитет „Гоце Делчев“ во Штип, преку кратки предавања пренесоа лични искуства како се одвиваат европските парламентарни избори во Хрватска и во Италија, согледувајќи ја тенденцијата на европските избори во овие две европски држави. Учествуваа ученици од Средното општинско училиште „Љупчо Сантов“ во Кочани, кои го презентираа нивното искуство од остварената посета и учество на Euroscola во рамките на Европскиот парламент во Стразбур, под менторство на проф. Александар Михајлов. 

Технички секретар

Маргарета Алчинова
Тел: +389 32 550 450
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Адреса: ул. „Крсте Мисирков“ бр.10-А
Штип - 2000, Р.Македонија

Секретар

Љубица Медарска Апостолова
Тел: +389 32 550 585
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Студентски прашања

Штип - Христина Груеска

Тел: +389 32 550 480

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Студентски прашања

Струмица - Аница Удовалиева

Тел: +389 32 550 250

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Скопје - Цветанка Матракоска

Тел: +389 32 550 129

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.