-
Создадено: Четврток, 16 Мај 2024
Во периодот од 9 до 12 мај 2024 година, по покана од Факултетот за право и администрација при Универзитетот во Варшава, професор д-р Марија Амповска од Катедрата по граѓанско право и професор д-р Кристина Мишева од Катедрата по деловно право од Правниот факултет при Универзитет „Гоце Делчев“ во Штип, одржаа серија предавања на тема вовед во македонското приватно и јавно право пред студентите во рамките на Школа за право на Источна Европа и Централна Азија.
Правниот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип има потпишано Договор за соработка и размена на академски кадар и во последните неколку години остварува научноистражувачка соработка со Факултетот за право и администрација на различни нивоа. Со овие гостински предавања на професорките се овозможи претставување на македонското право со цел негово разбирање и почитување, од една страна, и негување и продлабочување на воспоставената соработка и наставно-образовната дејност меѓу двете институции, од друга страна.