По покана на професорот Џузепе Каталди од Универзитетот во Неапол „Ориентале“, проф. д-р Ана Никодиновска-Крстевска е визитинг професор на програмата за докторски студии по меѓународни студии во рамките на Катедрата за хуманистички и социјални науки на Универзитетот во Неапол „Ориентале“.

Циклусот на предавања коишто ги остварува професорката Никодиновска-Крстевска се од областа на европското право и евроинтегративните процеси, поточно за односите помеѓу Македонија и Европската Унија. Циклусот на предавања има за цел да ги запознае студентите со односот помеѓу македонската држава и Европската Унија и нејзините земји членки, коишто започнувајќи од ’91 година па наваму, значително влијаеја на истата. Темите коишто ќе се опфатат се поврзани со историјата на македонската држава од дамнешни времиња па до денес, меѓународното признавање и грчко-македонскиот спор, регионалниот контекст, конфликтот од 2001 година и европската интеграција на државата, внатрешните политички прашања и политичките кризи, потпишувањето на Договорот од Преспа и промена на името, како и новиот бугарско-македонски спор и идните перспективи на државата за пристапување кон Унијата. Освен овие теми, како дел од поширокото спознавање на државата, во рамките на предавањата ќе бидат опфатени и други прашања како историја, култура, традиции и кулинарство, политика, туризам, меѓународни односи, економија и друго.

Овие активности ја отсликуваат долгогодишната соработка помеѓу Универзитетот во Неапол „Ориентале“ и Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип и претставуваат уште една потврда за заемните заложби на двата универзитети да ги унапредат меѓусебните односи и да го промовираат високото образование и неговите вредности во меѓународната сфера.   

 

Технички секретар

Маргарета Алчинова
Тел: +389 32 550 450
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Адреса: ул. „Крсте Мисирков“ бр.10-А
Штип - 2000, Р.Македонија

Секретар

Љубица Медарска Апостолова
Тел: +389 32 550 585
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Студентски прашања

Штип - Христина Груеска

Тел: +389 32 550 480

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Студентски прашања

Струмица - Аница Удовалиева

Тел: +389 32 550 250

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Скопје - Цветанка Матракоска

Тел: +389 32 550 129

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.