Известување до студентите на додипломски и магистерски студии на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип 

Конкурс за есеи

Отворен за: студенти на дипломски и постдипломски студии на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола и Југоисточен Европски Универзитет.

Краен рок за поднесување на есеите: 15 ноември 2024 год.

Награди: трите најдобри есеи ќе добијат ваучери за ИТ опрема.

Проектот „Зајакнување на владеењето на правото и човековите права во Северна Македонија III“ има за цел да го зајакне владеењето на правото и човековите права преку спроведување на меѓународните стандарди и обврски на ОБСЕ во областа на правосудството и темелните права, во согласност со стратешките приоритети на Северна Македонија. Проектот е насочен кон различни предизвици во областите на независноста и непристрасноста на правосудството, кривичното право, борбата против корупцијата, дискриминацијата, родовата рамноправност и темелните права во Северна Македонија, коишто се дел од владините документи за јавна политика и меѓународните експертски проценки.

По успешното завршување на серијата предавања за борба против корупцијата, организирани во соработка со четири национални универзитети (Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје, Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип, Универзитет „Св. Климент Охридски“ - Битола и Југоисточен Европски универзитет) и покажаниот интерес на студентите, со цел да се поттикне активната вклученост во борбата против корупцијата, Мисијата на ОБСЕ во Скопје организира натпревар во пишување на есеи за студенти. Натпреварот за есеи беше инспириран од покажаниот интерес на студентите кои учествуваа на предавањата за борба против корупцијата, каде што добија инспиративни предавања од неколкумина, академици, професионалци и активисти во областа на борба против корупцијата.

Авторите на трите најдобри есеи ќе добијат ваучери за купување на ИТ опрема. Рокот за испраќање на есеите е до 15 ноември 2024 г.

Есеите треба да бидат базирани на добро фактичко разбирање за комплексната природа на корупцијата и претставување на реалистични идеи за намалување на корупцијата. Авторите треба да имаат еден или повеќе аргументи поврзани со избраната тематска анализа, кои треба да бидат разработени и поддржани со некои веродостојни извори од академската, правната или политичката литература. Следствено, авторите се поттикнуваат да го изложат своето лично мислење, но треба да се осигураат дека таквото мислење е базирано на веродостојни и убедливи докази. Есеите треба да бидат напишани на добро структуриран и јасен начин, со соодветна употреба на јазикот.

Есеите треба да се базираат на една од следните општи теми:

  • Корупција и млади;
  • Корупција и избори/финансирање на политички партии;
  • Кривични аспекти на корупцијата;
  • Корупција и род.

Овие теми служат како генерален правец, но авторите имаат слобода да ги напишат есеите со поспецифичен фокус, сѐ додека се во рамки на една од четирите општи теми.

Есеите ќе бидат анонимно евалуирани од комисија од тројца професори, кои ќе ги оценуваат есеите според следниве критериуми:

  • Тема на есејот и релевантност (макс. 25 поени);
  • Креативност и оригиналност на предложените аргументи и решенија (макс. 25 поени);
  • Аргументација и употреба на докази и извори (макс. 25 поени);
  • Јазик, структура и јасност (макс. 25 поени).

Есеите треба да бидат напишани на англиски јазик, со употреба на Times New Roman, големина на фонт 12 и проред 1.5, и треба да бидат долги помеѓу 1400 и 1600 зборови (3 страници). Подолгите есеи нема да бидат разгледани.

Есеите треба да бидат оригинална работа на авторите. Секој знак на плагијаризам (вклучувајќи го користењето на Chat GPT) ќе биде казнет со исклучување од натпреварот.

Инфо сесија

За заинтересираните студенти, Мисијата на ОБСЕ во Скопје ќе организира онлајн информативна сесија, со подетални упатства за подготовка на конкурентен есеј, една недела пред крајниот рок за испраќање на есеите. За добивање на информации за точното време и датум за сесијата и zoom линк, испратете електронска порака на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. со вашите информации.

Процес на аплицирање

Инструкциите за конкурсот за есеи се достапни и на англиски и на албански јазик.

Авторите треба да ги испратат своите есеи на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. до 15 ноември 2024 г. како PDF документ. За да се олесни процесот на анонимна оценка, авторите треба да го наведат своето целосно име и презиме и името на универзитетот во пријавата испратена по е-пошта, но не и во испратениот PDF документ.

Овој Повик е објавен и на:

  Web page: Essay writing contest | OSCE

  Facebook: https://fb.watch/uEifapLBrU/

  X (Twitter): https://x.com/OSCE_Skopje/status/1835644954514772102

Технички секретар

Маргарета Алчинова
Тел: +389 32 550 450
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Адреса: ул. „Крсте Мисирков“ бр.10-А
Штип - 2000, Р.Македонија

Секретар

Љубица Медарска Апостолова
Тел: +389 32 550 585
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Студентски прашања

Штип - Христина Груеска

Тел: +389 32 550 480

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Студентски прашања

Струмица - Аница Удовалиева

Тел: +389 32 550 250

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Скопје - Цветанка Матракоска

Тел: +389 32 550 129

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.