-
Создадено: Среда, 02 Октомври 2024
Почитувани студенти,
Универзитетот од Мишколц (Унгарија) заедно со Правниот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип организираат серија на факултативни онлајн предавања на тема „Одржливост и право“. Предавањата ќе бидат спроведени од професори од двата универзитети на теми коишто се од голема актуелност, како одржливиот развој и неговата примена во правото и политиките. Практично, идејата е преку предавањата да се изнајде нишка меѓу различните правни дисциплини и концептот на одржлив развој, како трикомпонентен концепт којшто е присутен во сите сфери на општественото живеење. Оттука, ги покануваме сите заинтересирани студенти да се пријават кај демонстратор Елена Трајковска (Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.). По завршувањето на циклус на предавања ќе бидат доделени сертификати за учество, при што истите може да се приложат во додатокот на диплома.
Предавањата започнуваат на 8 октомври со почеток во 16.00 часот.
На следниов линк може да се проследат предавањата:
Во прилог на ова известување може да го најдете распоредот на предавањата.
Ве очекуваме!
Проф. д-р Ана Никодиновска Крстевска