-
Создадено: Четврток, 07 Ноември 2024
Почитувани студенти,
На 14 ноември 2024 г. (четврток), со почеток во 11 часот, во Тренинг-центарот на Правен факултет ќе се одржи панел-дискусија на тема „Регионална соработка и европска интеграција – Агендата на ЕУ за Западен Балкан“, во организација на Катедрата „Конрад Аденауер“ во соработка со Правниот факултет при УГД.
На настанот ќе се дискутира за прашања поврзани со евроинтеграциските процеси на Македонија и соработката со Западен Балкан, во делот на политичките критериуми и владеењето на правото, како и во делот на соработката во високото образование. Овој панел претставува научно-образовна платформа на која студентите, експертите, претставниците на академската заедница, како и носителите на политички функции ќе дискутираат и ќе ги споделат своите гледишта околу актуелните теми од областа на Европската Унија, како и предизвиците со кои се соочува Европската Унија, но и земјите од Западен Балкан.
Свое излагање во рамки на панел-дискусијата ќе имаат: Марија Петрушевска, пратеничка (ВМРО-ДПМНЕ); Моника Зајкова, пратеничка (ЛДП); Ана Никодиновска-Крстевска, професор на Правен факултет и проректор за меѓународна соработка при Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип; Олга Кошевалиска, декан на Правен факултет при Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип; Васко Наумовски, професор на Правен факултет „Јустинијан Први“ – Скопје; Александар Спасеновски, професор на Правен факултет „Јустинијан Први“ – Скопје и Нора Калиќи, новинар во улога на модератор на панел-дискусијата.
Работен јазик на настанот е македонски.
Во прилог на ова известување може да ја најдете агендата на настанот.
Ве очекуваме!