Денот на Европа - 9 мај беше одбележан вчера во рамките на манифестација која веќе традиционално ја организира Правeн факултет при УГД.

  • Денеска го одбележуваме Денот на Европа, евроинтегративните процеси и вредности. Во рамките на овој настан промовираме серија книги и изданија. Публикацијата „Не е шега – дискриминација и цензура“, понатаму годишните зборници, зборниците од меѓународната конференција и списанието „Balkan Social Science Review“, како и промоција на книга од професорот Андон Мајхошев. Но најинтересно е истражувањето кое ќе го презентираме на тема „Евроинтегративните процеси на Македонија и спорот со името“ - изјави проф. д-р Ана Никодиновска-Крстевска.

Истражувањето кое студентите го направиле под менторство на проф. д-р Страшко Стојановски и проф. д-р Дејан Марлов дава интересни резултати за расположението за влез на Македонија во НАТО и ЕУ, како и за тоа колку граѓаните се подготвени тоа да го платат со промена на името.

  • Во првиот дел на истражувањето се забележува дека граѓаните ѝ даваат поголема поддршка на Европската Унија од НАТО. Во споредба со претходните истражување може да се забележи тренд на опаѓање за членството во НАТО - изјави Александра Трајкова, студентка на Правен факултет при УГД.

Според истражувањето што го направиле студентите, интересни се и резултатите за тоа кои држави се најпријателски со Македонија.

  • Од регионот граѓаните сметаат дека најпријателска земја е Србија, додека од светските сили најпријателска е Русија. Но голем дел сметаат дека тоа се и Германија и САД. Најголемо влијание во Македонија, според испитаниците, има САД - вели Лорета Донева, студентка на Правен факултет.

Менторот на студентите проф. д-р Страшко Стојановски истакна дека резултатите од ова истражување се поклопуваат со резултатите кои неодамна се објавени и од други истражувачи во Македонија.

  • Истражувањето е спроведено на репрезентативен примерок, но тоа не се однесува на етничкиот и религискиот критериум, односно најголем дел од испитаниците се Македонци. Она што е интересно од истражувањето е дека со опаѓањето на возрасната категорија опаѓа и поддршката, особено за членството во НАТО. Поддршката за НАТО изнесува околу 62%, но кај најмладите категории, кај студените, оваа поддршка опаѓа некаде до 55%, а најголема е поддршката кај пензионерите и повозрасните категории - изјави проф. д-р Страшко Стојановски.

Во рамките на одбележувањето, студентите од Ликовната академија имаа изложба на плакати на тема „Миграции“, а студените од Музичката академија одржаа и џез концерт.

Технички секретар

Маргарета Алчинова
Тел: +389 32 550 450
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Адреса: ул. „Крсте Мисирков“ бр.10-А
Штип - 2000, Р.Македонија

Секретар

Љубица Медарска Апостолова
Тел: +389 32 550 585
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Студентски прашања

Штип - Христина Груеска

Тел: +389 32 550 480

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Студентски прашања

Струмица - Аница Удовалиева

Тел: +389 32 550 250

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Скопје - Цветанка Матракоска

Тел: +389 32 550 129

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.