-
Создадено: Петок, 20 Декември 2024
Со гордост известуваме дека професорките проф. д-р Марија Амповска и проф. д-р Кристина Мишева од Правниот факултет во Штип, како дел од тимот на „DIGIRIGHTS“, ќе учествуваат во реализацијата на тригодишниот ЕРАЗМУС+ Жан Моне модул „Дигитална трансформација и човекови права: ЕУ перспектива“ (DIGIRIGHTS) на Правниот факултет во Ниш. Проектот започна на 1 октомври 2024 година.
Проектот има за цел да го промовира европскиот пристап кон дигиталната трансформација на човековите права, фокусирајќи се на вредностите на Европската Унија и основните права. Модулот се базира на три главни компоненти: предавања, научни истражувања и јавни настани, и е дизајниран /наменет за студенти на прв и на втор циклус студии, млади истражувачи и правни експерти од регионот.
Овој проект дополнително ја зацврстува и унапредува долгогодишната соработката меѓу Правниот факултет во Штип и Правниот факултет во Ниш и партнерските институции во регионот, отворајќи можности за размена на академски знаења, заеднички научни и образовни активности и ангажман на нашите професори во меѓународни иницијативи.
Правниот факултет во Штип останува посветен на активно учество во европски проекти од ваков карактер, кои придонесуваат за унапредување на образованието, науката и промоција на европските вредности.
За повеќе информации посетете ја веб-страницата Digital transformation and human rights: EU perpsective DIGIRIGHTS, а најновите вести поврзани со проектот можете да ги следите и на Facebook, Instagram и Linkedin.com.