Студентите по новинарство и односи со јавноста од цела Македонија денеска се собраа на заеднички настан во свечената сала на Правен факултет при УГД.

  • Денешниот настан се однесува на студентите по новинарство и односи со јавноста од РМ. Денес студентите ќе се натпреваруваат во креирање на новинарски производи – телевизиски и радио производ. Тие производи ќе бидат прегледани и ќе бидат прогласени најдобар ТВ прилог и најдобар радио прилог. Целта е да се вмрежат сите студенти по новинарство во Македонија, како и да се афирмира слободата на изразување и слободата на медиумите - изјави проф. д-р Андон Мајхошев од студиската програма Новинарство и односи со јавноста на УГД.

Во рамките на настанот студентите презентираа и истражување за слободата на медиумите и за цензурата во медиумите. Резултатите до кои дошле се поразителни за слободата на медиумите во Македонија.

  • Истражувањето што го спроведовме меѓу новинарите и медиумските работници покажа дека цензурата и натаму е присутна. Само 1,5% од испитаниците одговориле дека не постои цензура, а останатите рекле дека постои или делумно постои. Од ова мора да произлезе некаква реакција или борба против таа цензура. Кога станува збор за видовите сѐ поприсутна е автоцензурата, притисокот од политичките партии и од бизнис заедницата - изјави Никола Ивановски, студент на студиската програма Новинарство и односи со јавноста.

На настанот беа присутни и професори и студенти од сите факултети по новинарство кои истакнаа дека ова е одлична можност за меѓусебна соработка.

  • Ние бевме поканети и минатата година, но за жал не можевме да присуствуваме и многу ми е драго што оваа година успеавме да бидеме овде. Ние сме отворени за соработка и се надевам дека во иднина ќе произлезат и други соработки меѓу Универзитетот „Гоце Делчев“ и Државниот универзитет во Тетово, односно меѓу двете програми по новинарство - изјави доц. д-р Дашмир Идриз, професор по новинарство на Државниот универзитет во Тетово.

Настанот кој годинава се организира по повод Денот на слободата на медиумите е втор. Минатата година беше одбележан, а догодина настанот би можел да премине во организација и на некој друг универзитет.

 

Технички секретар

Маргарета Алчинова
Тел: +389 32 550 450
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Адреса: ул. „Крсте Мисирков“ бр.10-А
Штип - 2000, Р.Македонија

Секретар

Љубица Медарска Апостолова
Тел: +389 32 550 585
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Студентски прашања

Штип - Христина Груеска

Тел: +389 32 550 480

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Студентски прашања

Струмица - Аница Удовалиева

Тел: +389 32 550 250

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Скопје - Цветанка Матракоска

Тел: +389 32 550 129

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.