-
Создадено: Понеделник, 29 Октомври 2018
По повод Европскиот ден за граѓанска правда, 25 октомври, ден за унапредување на јавното разбирање на судскиот систем, студентите на Правниот факултет го посетија Апелациониот суд во Штип.
Целта на посетата и на одбележувањето на овој ден е да се овозможи понепосредно запознавање на студентите и пошироката јавност со нивните основни права преку отворени информативни сесии од страна на судиите и судските службеници.
На студентите им беше овозможено разгледување на судот, како и анализа на темите кои ги проучуваат теоретски од практичен аспект. Тие се запознаа подробно со функционирањето на судскиот систем, работата на судиите и соработниците, со надежи за приклучување кон носителите на судската власт во иднина