-
Создадено: Среда, 05 Декември 2018
По покана на проф. Џузепе Каталди, професор по меѓународно јавно право од Универзитетот во Неапол „Ориентале“, во рамките на предметот Меѓународно јавно право, доц. д-р Ана Никодиновска-Крстевска одржа предавање на тема „Македонија и Европската Унија“, со акцент на Договорот од Преспа помеѓу Република Македонија и Република Грција.
Во рамките на предавањето беше опишана меѓународната позиција на Република Македонија и нејзините евроинтегративни процеси, а особено внимание беше посветено на анализа на правните недостатоци на договорот од аспект на меѓународно јавно право и од аспект на внатрешно право.
Студентите од Неапол покажаа голем интерес за темата, поставувајќи прашања и истовремено оценувајќи го спорот меѓу двете земји како апсурден.
На следниов линк може да го најдете предавањето во аудио-видео формат: https://www.youtube.com/watch?v=mPpRebz0Ol8 .
Исто така, да потсетиме дека Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип има потпишано договор за Еразмус мобилност на студенти со Универзитетот во Неапол „Ориентале“.