Правниот факултет при Универзитетот „Гоце Делев“ – Штип, предводен од доц. д-р Ана Никодиновска-Крстевска, е партнер во проектот Жан Моне мрежи насловен „Migration and Asylum Policies Systems – MAPS“ (2018 – 2021), предводен од Универзитетот во Неапол „Ориентале“ во координација на проф. Џузепе Каталди.  

Проектот е од областа на миграција и азил и неговата цел е да ги истражи клучните промени во Даблинскиот систем за азил (Dublin IV), неговите општи принципи, заштитни клаузули, како и Корективниот механизам за алокација на Европската Унија, со цел да се утврдат разликите кои постојат меѓу правната конструкција на истите и нивната имплементација, фокусирајќи се на слабостите и недостатоците и на нивната усогласеност со обврските коишто произлегуваат од меѓународното право за заштита на барателите на азил, бегалците и, воопшто, мигрантите. Проектот МАПС се стреми да создаде нови содржини и нови истражувачки полиња и активности како на меѓународно ниво, така и на национално ниво во пошироката област на европските студии за интеграција.

Во рамките на проектните активности се предвидени компаративни истражувања коишто ќе ги истражуваат разликите помеѓу различните регулативи од областа на азилот и миграцијата и политиките на земјите членки на ЕУ, како и на земјите коишто се во фаза на европска интеграција, и ќе ја истражуваат имплементацијата на истите во националните поредоци. Резултатите од истражувањата ќе се промовираат преку серија семинари, конференции, работилници и публикации кои ќе се организираат и спроведат во тригодишен период 2019 - 2021. Исто така, резултатите од истражувањата ќе се дисеминираат преку неколку онлајн курсеви кои ќе бидат наменети и достапни за студентите од сите вклучени универзитети.

Во рамките на мрежата МАПС учествуваат следниве партнер-универзитети: Universita’ degli studi di Napol ‘lOrientale’,  National and Kapodistrian University of Athens, The University of A Coruñа, University Jean Moulin Lyon 3, University of Malta, Universität Innsbruck – Innsbruck University, Queen Mary University London - University Goce Delchev, University Sarajevo School of Science and Technology – SSST, Stiftung Europa-Universität Viadrina Frankfurt (Oder) (Foundation European University Viadrina Frankfurt (Oder).

Истражувачкиот тим од Правниот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип е составен од следниве истражувачи:

  1. Доц. д-р Ана Никодиновска-Крстевска (координатор за Работната група при УГД);
  2. Вон. проф. Олга Кошевалиска (заменик-координатор за Работната група при УГД);
  3. Вон. проф. Борка Тушевска;
  4. Проф. д-р Јован Ананиев;
  5. Доц. д-р Милица Шутова;
  6. Доц. д-р Елена Максимова.

Веб-сајтот на проектот кој набргу ќе биде активен е: mapsnetwork.eu  

Технички секретар

Маргарета Алчинова
Тел: +389 32 550 450
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Адреса: ул. „Крсте Мисирков“ бр.10-А
Штип - 2000, Р.Македонија

Секретар

Љубица Медарска Апостолова
Тел: +389 32 550 585
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Студентски прашања

Штип - Христина Груеска

Тел: +389 32 550 480

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Студентски прашања

Струмица - Аница Удовалиева

Тел: +389 32 550 250

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Скопје - Цветанка Матракоска

Тел: +389 32 550 129

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.