-
Создадено: Понеделник, 01 Април 2019
Миранда Спивачк, поранешен новинар и уредник во угледниот „Вашингтон пост“ во САД ќе одржи работилница пред студентите на УГД. Работилницата ќе биде на тема „Истражувачко новинарство“.
Миранда моментално работи како професор на Универзитетот „Де Пау“ во Индијана, САД, и во Македонија е како стипендист на програмата Фулбрајт. Воедно таа е истражувачки новинар во независниот центар за истражувачко новинарство „Reveal”. Спивачк е добитничка на бројни престижни новинарски награди, а долго време била уредник и новинар во весникот „Вашингтон пост“.
Работилницата ќе се одржи утре (2.4.2019 г.) во 12.30 часот во свечената сала на Правниот факултет на Универзитетот „Гоце Делчев“.