-
Создадено: Среда, 26 Јуни 2019
Правниот факултет при Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип објавува Повик за доставување на трудови за деветтиот број на Годишен зборник на факултетот. За таа цел ве покануваме и ве охрабруваме да придонесете со ваш ракопис во овогодишниот број на зборник.
Годишниот зборник промовира ракописи од областа на правото, политичките науки и социологијата и е отворен за автори кои доаѓаат од академската заедница, вклучувајќи студенти запишани на трет циклус студии. Годишниот зборник има меѓународен уредувачки одбор и трудовите може да се објавуваат на македонски, англиски и руски јазик.
Правилата за изработка на трудовите се составен дел од овој Повик.
Повикот за доставување на трудови е отворен до 1 октомври 2019 г. и трудовите треба да бидат доставени по електронска пошта на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..
За повеќе информации обратете се на: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..
Правила за изработка на трудови .pdf
Со почит,
Правен факултет,
Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип