-
Создадено: Четврток, 10 Октомври 2019
На Универизитетот „Ориентале“ во Неапол на 23 септември се одржа Меѓународна научна конференција „Системи на политики на азил и миграција: предизвици и перспективи“, на која со презентација учествуваа доц. д-р Ана Никодиновска-Крстевска и проф. д-р Олга Кошевалиска.
Конференцијата е прва активност во рамките на истоимениот Проект за вмрежување „Жан Моне“ т.н. МАПС во кој Правниот факултет при УГД – Штип учествува како партнер заедно со 9 други европски универзитети (National and Kapodistrian University in Athens (Greece), University La Coruna (Spain), University Jean Moulin in Lyon (France), University of Malta (Malta), University of Innsbruck (Austria), Queen Mary University in London (England), University Goce Delcev – Stip (Macedonia), University of Sarajevo (Bosnia and Herzegovina) and the Stiftung Europa Universitat Viadrina in Frankfurt (Germany)).
На конференцијата се презентираа анализи на системите на азил и миграција од различните земји-учеснички, како и разните предвизвици и перспективи на истите со цел да се дадат насоки за подобрување на Европскиот систем за миграција и азил, да се постават заеднички стандарди во процесот на национална хармонизација на националните политики со европските, како и да се подобрат стратегиите за поефикасна европска интеграција.
Освен тоа, на конференцијата се дискутираше за грижата околу зголемениот број на пристигнувања на мигранти и за фактот дека државите сè уште не го перципираат тоа како загрижувачко прашање од хуманитарен карактер. Исто така, беа потенцирани расчекорите кои постојат во законодавните и административните пракси поврзани со миграциските прашања и со признавањето на статусот на „бегалец“, како и грижата за бранот на „националистички чувства“ кои преовладуваат во државите и кои ја оспоруваат меѓународната легислатива во делот на „Search and rescue at sea“, како и во делот на заштита на човекови права.