-
Создадено: Петок, 01 Септември 2017
Правниот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, Институтот за економски политики во Софија и Германската фондација „Ханс Зајдел“ го организираат Билатералниот бугарско-македонски младински семинар со наслов „Shaping Our Common Future“.
Семинарот ќе се одржи во Банско, Република Бугарија, од 28 септември до 1 октомври 2017 година, каде што ќе учествуваат вкупно 30 студенти, од кои 15 студенти од Правниот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип и 15 студенти од Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Софија.
Целта на семинарот е зголемување на знаењата меѓу студентите во доменот на европската интеграција, разрешувањето на конфликтите, толеранцијата и моделите на градење на доверба и соработка. Исто така, семинарот има за цел да помогне во градење на студентски мрежи меѓу двете земји и поттикнување на активности кои ќе произлезат и ќе бидат реализирани заеднички меѓу студентите од двата универзитети.
На семинарот ќе предаваат професори од Правниот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, Катедрата за европеистика и Катедрата за политички науки при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Софија и истражувачи од Институтот за економски политики во Софија.
Се повикуваат студентите на Правниот факултет да поднесат апликација за учество на семинарот најдоцна до 7 септември 2017 година на е-пошта: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..
Потребно е студентите да имаат добро познавање на англискиот јазик, мотивираност да ги збогатат нивните знаења во доменот на европските интеграции, разрешувањето на конфликтите и толеранцијата и да бидат подготвени да работат во групи со студенти од друга држава. Исто така, потребно е да имаат пасош важечки најрано до 2 октомври 2017 година.
Учеството на семинарот е бесплатно. Сите трошоци за хотелско сместување, храна, превоз и материјали за семинарот ги покрива германската фондација „Ханс Зајдел“.
ЗА ДА АПЛИЦИРАТЕ ПОПОЛНЕТЕ ЈА АПЛИКАЦИЈА ЗА УЧЕСТВО НА СЕМИНАРОТ