-
Создадено: Понеделник, 18 Ноември 2019
Меѓународни експерти од Америка, Канада, Италија, Швајцарија, Унгарија, Бугарија, Словенија, Хрватска, Македонија и Босна и Херцеговина, како претставници од НАТО, неодамна одржаа тренинг-курс насловен „Кон ефективна сајбер одбрана во согласност со владеење на правото“.
Курсот се организираше во рамки на НАТО програма Наука за мир и безбедност.
Во петдневниот курс во Охрид учествуваа 40 учесници (од областа на правото, безбедноста и одбраната) од јавниот и приватниот сектор, како и претставници од академската заедница на земјите од Југоисточна Европа (Албанија, БиХ, Бугарија, РС Македонија, Словенија, Србија, Хрватска и Црна Гора).
НАТО напредниот тренинг курс имаше за цел да ја подигне свеста за потребата од ефективно справување со современите предизвици по безбедноста и одбраната кои доаѓаат од сајбер просторот, согласно со принципите и стандардите на меѓународното право и постојните меѓународни договори. Оваа цел беше постигната преку 4 блока во кои учесниците се запознаа со последните трендови на технологијата во изведувањето на сајбер операции при справувањето со современите предизвици за време на мир, конфликт и постконфликтна фаза согласно со меѓународното право и националните законодавства.
Курсот беше во организација на кодиректорите: доцент д-р Дуња Дуич од Правниот факултет во Осиек, Универзитет „Јосип Јурај Штросмајер“ во Осиек, Хрватска; доцент д-р Кристина Мишева од Правниот факултет, Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип, Северна Македонија и вон. проф. Дијана Гупта од Атлантски совет од Босна и Херцеговина.
За повеќе детали (програма, биографија на предавачи, галерија) видете на следниов линк:
https://www.pravos.unios.hr/sps-advance-training-course-nato/about-the-project