-
Создадено: Среда, 11 Декември 2019
На 16 декември 2019, од 10:30 - 12:30 часот, во судницата на Правниот факултет, ЕЛСА во соработка со Центарот за социјални иновации БЛИНК 42-21, организира еднодневен настан за студенти и млади луѓе на тема „Корупцијата и културата на коруптивното однесување во државата“.
Настанот има едукативен карактер со иновативен пристап преку употреба на симулациска игра.
Предавачи: проф. д-р Елеонора Серафимовска, Институт за социолошки и политичко правни истражувања и проф. д-р Гордан Калајџиев, Правен факултет „Јустинијан Први“.
Поканети сите професори и соработнички кадар. Ве очекуваме!