-
Создадено: Петок, 13 Декември 2019
На 16 декември 2019 г., од 10.30 часот, во судницата на Правниот факултет, Европското здружение на студентите по право во Република Северна Македонија (ЕЛСА) во соработка со Центарот за социјални иновации БЛИНК 42-21 организира еднодневен настан за студенти и млади луѓе на тема „Корупцијата и културата на коруптивното однесување во државата“.
Настанот има едукативен карактер со иновативен пристап преку употреба на симулациска игра.
Предавачи се проф. д-р Елеонора Серафимовска од Институт за социолошки и политичко-правни истражувања и проф. д-р Гордан Калајџиев од Правен факултет „Јустинијан Први“.