Правниот факултет при Универзитет „Гоце Делев“ – Штип стана партнер во проектот Жан Моне за вмрежување насловен „Западен Балкан – соработка за прекугранична безбедност (управување со миграција и азил)“ (Western Balkans Cooperation on cross – border security (Migration and asylum management)“ (2019 – 2022), предводен од Универзитетот во Салерно (Италија), во координација на проф. Тереза Русо (Teresa Russo).

Проектот се состои во студиски модул кој предвидува високоспецијализирани курсеви на теми поврзани со Европската Унија и соработката со земјите од Западен Балкан во областа на правдата и внатрешните работи. Модулот е наменет за студенти од прв, втор и трет циклус на студии, како и за разни чинители или стејкхолдери (правни лица, судии, адвокати, полициски службеници, административни службеници и слично), коишто се засегнати или пројавуваат интерес кон темата. Предавањата на модулот ќе  се одржуваат на Универизитетот во Салерно, но одредени активности ќе се одржат и на Правниот факултет – УГД, Штип.

Во рамките на проектот се вклучени следниве истражувачи и предавачи:

д-р Ана Никодиновска-Крстевска, вонреден професор;
д-р Олга Кошевалиска, вонреден професор и
д-р Елена Максимова, доцент.

Веб-адресата на проектот е следна: https://www.euweb.org/.

Технички секретар

Маргарета Алчинова
Тел: +389 32 550 450
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Адреса: ул. „Крсте Мисирков“ бр.10-А
Штип - 2000, Р.Македонија

Секретар

Љубица Медарска Апостолова
Тел: +389 32 550 585
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Студентски прашања

Штип - Христина Груеска

Тел: +389 32 550 480

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Студентски прашања

Струмица - Аница Удовалиева

Тел: +389 32 550 250

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Скопје - Цветанка Матракоска

Тел: +389 32 550 129

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.