-
Создадено: Сабота, 30 Мај 2020
На 27 Мај, 2020 год. се одржа првиот интеракативен витуелен семинар под наслов ,,Неутрални држави”. На настанот учество зедоа проф. Дејан Маролов и Асс.м-р. Наташа Донева како и сегашни и поранешни студенти на правниот факултет.
Покрај бројното присуство на студенти од првниот факултет, настанот беше отворен и за средношколци од 4та година заинтересирани за студирање на правниот факултет.
Семинарот е само дел од серија плнирани настани и активности во рамките на проектот ,,Стекнување на практични компетенции за концептот на неутралност, со примена на дебата и критичко мислење во сферата на геополитиката и меѓународното право”. Раководител на проектот е Вон. проф.д-р Дејан Маролов а дел од истажувачкиот тим се Вон. проф. Ана Никодиновска-Крстевска, Асс. М-р Наташа Донева, Вероника Газепова и Давид Митровиќ.
Целта на проектот е запознавање со концептот на неутралност и мотивирање на актуелните студенти за поголем интерес за геополитика и меѓународно право преку отворени активности и доделување на едногодишна стипендија за најдобриот учесник. Имено, студентите ќе подготвуваат презентации на конкретни студии на случаи кои ќе бидат јавно презентирани. Целта е да се стимулира учеството на студентите и да се поттикне нивниот натпреварувачки дух.
Како следен настан се планира и организирање на тркалезна маса на тема “Концептот на неутралност во пракса” на која ќе бидат поканети и претставници на амбасади од држави кои се декларирани како неутрални за да ги образложат своите позиции за практикувањето на нетуралноста.