-
Создадено: Четврток, 27 Август 2020
Правниот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип на 3 и 4 септември 2020 година по седми пат ја организира Меѓународната научна конференција „Социјални промени во глобалниот свет“.
Годинава, поради светската пандемија на ковид 19 и здравствените ризици, конференцијата ќе се одвива онлајн, со учество на претставници на правни факултети од повеќе држави во светот.
Конференцијата ќе започне на 3 септември во 11 часот, со обраќање на продеканот за настава на УГД, проф. д-р Мишко Џидров и деканката на Правниот факултет, проф. д-р Олга Кошевалиска. Воведни излагачи на конференцијата ќе бидат проф. д-р Адриана Алмашан од Правниот факултет на Универзитетот во Букурешт, Романија, на темата „Регулација на човечката интеракција во предизвикувачки времиња - правен проблем или можност за зајакнување на правниот систем?“ и проф. д-р Мохамед Ел Десуку од Универзитетот „Ал Фалах“ во Дубаи, Обединети Арапски Емирати.
Над 60 трудови ќе бидат презентирани во шест сесии – Општество и медиуми, комуникација и политика; Кривично право; Политика; Мултидисциплинарна сесија; Млади истражувачи и Законодавство. Конференцијата може да се следи онлајн со пријавување на линкови кои се објавени на официјалната страница на конференцијата https://conflaw.ugd.edu.mk/.