Второ место за тимот на Правен факултет а регионален PreMoot натпревар за познавање на постапката и праксата на ЕСЧП и ЕКЧП.

Во неделата на 27 септември завршија двата финални меча на PreMoot натпреварот во Ниш, за познавање на праксата на Европскиот суд за човекови права и Европската конвенција за човекови права, организиран од страна на Правниот факултет во Ниш и клубот Јустиција.

Нашите натпреварувачи по четири победи во низа во саботата се пласираа во финале токму со клубот Јустиција, кој важи и за европски победник во вакви натпреварувања. Во саботните мечеви извојуваа победа над клубовите на Правните факултети од Крагујевац, од Ниш и од Лукавица (БиХ).

По долги неколку часовни мечеви, победа извојуваа клубот Јустиција, со само по еден поен разлика во меч, со што нашиот тим го зеде ВТОРОТО место на овој натпревар кој е од регионален карактер.

Нашите натпреварувачи, Елена Паризова, Благој Милев, Елена Трајковска, Ангела Димеска, Вероника Газепова и Јована Михаилова, покажаа одлични познавања на материјата, спремност за тимска „игра“ и умешност во одговарање на прашањата, за што и беа пофалени од еминентни практичари и теоретичари од Р.Србија во улога на судии.

Од денешните мечеви, нашата Вероника Газепова беше прогласена за најдобар говорник. Со вакви пофалби од саботните мечеви се здобија и Елена Паризова, Елена Трајковска и Ангела Димеска.

Особено сме горди на тимот, препознаваме во нив жестоки практичари на кои им престои блескава кариера во областа. Посебна благодарност до Вероника Газепова и Елена Трајковска кои ја презедоа улогата на помошни тренери.

Нашите честитки ги упатуваме и до организаторите, кои и во услови на пандемијата овозможија реализација на натпреварот и хибриден модел на учество (on line и физичко присуство) на сите тимови од Македонија, Србија и Босна и Херцеговина. Техниката и далечината не ги спречија да натпреварот доживее беспрекорна реализација.

Во улога на горди академски тренери на нашиот тим и на клубот A fortiori од  Правниот факултет се проф. д-р Дејан Маролов, доцент д-р Елена Максимова и асс.м-р Наташа Донева.

Се надеваме на продолжување на овој успех и во следните натпревари!

Технички секретар

Маргарета Алчинова
Тел: +389 32 550 450
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Адреса: ул. „Крсте Мисирков“ бр.10-А
Штип - 2000, Р.Македонија

Секретар

Љубица Медарска Апостолова
Тел: +389 32 550 585
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Студентски прашања

Штип - Христина Груеска

Тел: +389 32 550 480

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Студентски прашања

Струмица - Аница Удовалиева

Тел: +389 32 550 250

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Скопје - Цветанка Матракоска

Тел: +389 32 550 129

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.