-
Создадено: Понеделник, 05 Октомври 2020
Денес, преку платформата на Microsoft Teams, за бруцошите, Деканот на Правниот факултет го одржа првиот академски час.
Студентите се запознаа непосредно со алатките кои им го олеснуваат студирањето, како е-библиотека, е-учење, е-индекс и сл.
Се запознаа со платформата преку која ќе го започнат своето студирање и можностите кои ги нуди, како и со наставните и воннаставните активности кои ги нуди факултетот за нив.
Иако годината ја започнуваат во невообичаени услови ги охрабруваме да гледаат кон тоа како на предизвик кој ќе ги направи поборбени и повешти во иднина.
Уште еднаш, им посакуваме успешен старт на учебната година и лесно совладување на наставниот материјал. Им препорачуваме вклучување и во сите воннаставни активности кои, семестаров, ги пренасочуваме преку интернет, но не ги откажуваме.
Наставниот кадар ви стои на располагање кон креирањето на вашата успешна академска приказна.
Среќен почеток!