Автори/Уредници:
Ана Никодиновска Крстевска и Јана Јакимовска
Издавач:
Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип,
Центар за анализа на право и политики,
Правен факултет и Ликовна академија
Година: 2019
ISBN 978-608-244-695-0
Краток приказ:
Електронската публикација Миграција и човекови права е втора публикација на студентски трудови и плакати од студентите од Правниот факултет и студентите од Ликовната академија при УГД – Штип.
Публикацијата е посветена на тема Миграција и човекови права и претставува плод од соработката помеѓу Правниот факултет и Ликовната академија. Преку еден интердисциплинарен пристап, публикацијата содржи трудови од студенти од Правниот факултет на тема Миграција и човекови права, кои се резултат од активностите на студентите во текот на нивното студирање под ментроство на проф. Ана Никодиновска-Крстевска. Освен нив, во публикацијата се илустрирани и плакати од студенти од Ликовната академија, под менторство на проф. Јана Јакимовска, кои исто така се производ од нивната ликовна творечка дејност.
Публикацијата е во издание на Центарот за анализа на права и политики при Правниот факултет - УГД, Штип, а воедно претставува дел од активностите поврзани со проектот Жан Моне за вмрежување „МАПС“ - Системи на политики за миграција и азил.