Aвтори/Уредници:

Ана Никодиновска Крстевска, Олга Кошевалиска и Елена Максимова

Издавач:

Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип,

Центар за анализа на право и политики,

Правен факултет

Година: 2022

ISBN 978-608-244-942-5

Краток приказ:

Публикацијата „Есеи за миграција и азил“ преставува збирка од академски, експертски и студентски трудови и есеи од областа на миграцијата и азилот.  Оваа претставува трета публикација во рамките на проектот Жан Моне Мрежи „Системи на политики за миграција и азил - МАПС“ (Jean Monnet Network on Мigration and Asylum Policies Systems – MAPS), a во издание на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип.  Проектот „МАПС“ претставува конзорциум од девет универзитети,  предводен од Универзитетот во Неапол „Ориентале“ под раководство на проф. Џузепе Каталди, во кој учествува и Правниот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, под раководство на проф. д-р Ана Никодиновска Крстевска и проф. д-р Олга Кошевалиска како заменик раководител. Проектот „МАПС“ (2019 – 2022), имаше за цел да ги потенцира клучните промени поврзани со општите принципи и гаранции на системот за азил и на Корективниот Алокациски Механизам (КАМ) при Европската унија, како и да ги истакне недостатоциите во правната структура на системот и неговата имплементација, анализирајќи ги слабостите и усогласувањата со обврските кои произлегуваат од меѓународното право за заштита на барателите на азил, беглаците и мигрантите. Освен тоа, „МАПС“ создаде нови содржини, нови активности и нови дебати како на меѓународно ниво така и на национално ниво во рамките на студиите за европска интеграција, и низ неговите активности се спроведоа серија на компаративни истражувања коишто постојано ги испитуваа разликите во законите и политиките за азил и миграција на земјите членки, но и пошироко, вклучувајќи ги начините на нивната имплементација.

Вклучувањето на Правниот факултет во проектот Жан Моне за вмрежување „МАПС“ претставуваше  еден вид на потврда за досегашна работа и посветеност на факултетот на темата миграција и азил, и придоенесе за да се афирмира истражувачки тим кој е посветен на миграциите и на азилот и кој преку теориски анализи и пратични пристапи успеа критички да се постави кон современите ситеми на миграција и азил, како во земјата, така и регионално и на европско ниво. Секако, учеството во проектот „МАПС“ придонесе за воспоставување на соработка со разни партнери и институции ширум Македонија но и надвор од неа, започнувајќи со Здружението на млади правници, невладината организација Легис, Канцеларијата на Високиот комесаријат на Обединентите Нации за белации во Скопје, или пак со Универзитетот „Ориентале“ во Неапол, Универзитетот во Салерно, Универзитетот на Кампаниа „Луиџи Ванвители“ во Казерта, Меѓународниот институт за хуманитарно право во Санремо и други, со кои Правниот факултет спроведе заедно бројни активности и воспостави цврсти меѓусебни врски.

Публикацијата што ја имате пред вас содржи вкупно 12 трудови, и таа има истовремено интердисциплинарен, интеркултурен и одржлив карактер. Интердисциплинарен, затоа што во неа се анализираат миграциите и азилот низ призмата на различни дисциплини; интеркултирен, затоа што се објавени трудови на повеќе јазици, односно на македонски (9 трудови), англиски (2 трудови) и италијански јазик (1 труд), и објавувањето на различни јазици го сметаме како поттик на интеркултурниот дијалог, како и промоција на специфичностите на различните култури и право-политички традиции; и на крај одржлив, затоа што во неа учествуваат не само професори и истражувачи (5 професори), туку и студенти од прв (4 студенти), втор (еден студент) и трет циклус на студии (двајца студенти), чиишто знаења и посветеност ќе се репродуциират во иднина.

Есеи за миграции и азил - Essays on migration and asylum (.pdf)

Технички секретар

Маргарета Алчинова
Тел: +389 32 550 450
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Адреса: ул. „Крсте Мисирков“ бр.10-А
Штип - 2000, Р.Македонија

Секретар

Љубица Медарска Апостолова
Тел: +389 32 550 585
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Студентски прашања

Штип - Христина Груеска

Тел: +389 32 550 480

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Студентски прашања

Струмица - Аница Удовалиева

Тел: +389 32 550 250

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Скопје - Цветанка Матракоска

Тел: +389 32 550 129

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.