Правниот факултет, Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип, објавува повик за доставување на трудови за единаесетиот број на Годишен зборник на факултетот.
За таа цел ве покануваме и ве охрабруваме да придонесете со ваш ракопис во овогодинешниот број на зборник.
Годишниот зборник промовира ракописи од областа на правото, политичките науки и социологијата, и е отворен за автори кои доаѓаат од академската заедница вклучувајќи студенти запишани на трет циклус на студии. Годишниот зборник има меѓународен уредувачки одбор и трудовите може да се објавуваат на македонски, англиски и руски јазик.
Правилата за изработка на трудовите може да ги најдете тука.
Повикот за доставување на трудови е отворен до 15 октомври 2021 и трудовите треба да бидат доставени по електронска пошта на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..
За повеќе информации, обратете се на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..
Повик за објавување на трудови во Годишен зборник бр. 11 на Правен факултет .pdf